Руско - украински конфликт

Москва игра двојни игри, обвинува Зеленски

05.05.2025 09:13

Прекин на огнот со Русија може да се воспостави во секој момент, но Москва игра двојни игри-обвинува Зеленски. Ги повтори повиците за 30-дневно примирје по предлогот на САД и зголемен притисок врз Русија...

Прекин на огнот со Русија може да се воспостави во секој момент, но Москва игра двојни игри-обвинува Зеленски. Ги повтори повиците за 30-дневно примирје по предлогот на САД и зголемен притисок врз Русија.

„Русија бара молк за 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден. Путин е многу желен да ги покаже своите тенкови на парадата, но наместо да размислува за тоа, треба да размислува за вистинскиот крај на својата војна“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Помирувањето е неизбежно и е само прашање на време-вели Путин и додава дека Русија има доволно сила и ресурси да ја доведе војната во Украина до нејзиниот логичен крај, надевајќи се дека нема да има потреба од употреба на нуклеарно оружје. Според Трамп, огромната омраза меѓу Москва и Киев го попречуваат мировен договор, но тој е убеден дека постојат добри шанси и да го спроведе.