Нови масовни напади со дронови на украинскиот фронт
Москва тврди дека била на удар на украински беспилотни летала, додека Киев јавува за над стотина удари од Русија. Иако двете страни сакаат примирје, ниту едната не попушта...

Нови масовни напади со дронови на украинскиот фронт. Москва тврди дека била на удар на украински беспилотни летала, додека Киев јавува за над стотина удари од Русија. Иако двете страни сакаат примирје, ниту едната не попушта.
Додека Путин тврди дека помирувањето е неизбежно и е прашање на време, додавајќи дека Русија има доволно сила и ресурси да ја доведе војната до логичен крај, надевајќи се дека нема да има потреба од употреба на нуклеарно оружје, Зеленски обвинува дека Русија игра двојна игра.
За Трамп, огромната омраза меѓу Москва и Киев го попречуваат мировен договор, но тој е убеден дека постојат добри шанси и да го спроведе.
„Русија бара молк за 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден. Путин многу сака да ги покаже своите тенкови на парадата, но наместо да размислува за тоа, треба да размислува за вистинскиот крај на својата војна“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Ќе дојде време кога ќе кажам продолжете така, бидете неразумни. Постои огромна омраза меѓу овие двајца мажи. Тие се борат жестоко три години. Но, сепак мислам дека имаме многу добри шанси да го спроведеме договорот“, истакна американскиот претседател, Доналд Трамп.
