Претреси во Кочани и кочанско, пронајдена дрога, приведени пет лица
Полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с. Облешево, кочанско, С.М.(26) од с. Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани.

На 03.05.2025, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с. Облешево, кочанско, С.М.(26) од с. Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани.
При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана.
Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја купиле од А.Р. Исто така, со судска наредба се извршени претреси во домовите на А.Р. и Н.М.
По целосно документирање на случаите, ОВР Кочани ќе поднесе соодветни пријави.
