УХМР

Утре променливо и нестабилно со локален пороен дожд

05.05.2025 16:52

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи силен ветер и изолирана појава на град.

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.