Незаборавна фрнцуска вечер на „Охридско лето“

12.08.2014 15:21

Вчера вечер во црквата Св. Софија во Охрид во рамките на „Охридско лето“ свој настап имаа француските пијанисти – Уго Леклер и Елен Котино-Коен...

Пијано дуото „Соле-Лери-Шовел“ го сочинуваат двајца успешни пијанисти – претставници на француската изведувачка школа. Во текот на своето повеќегодишно постоење дуото се промовира како еден од најуспешните ансамбли од таков вид во Франција и надвор од неа. Избраниот дел од амбициозната програма не остана незабележан од публиката.

„Тоа е една програма со која неможе било каде да настапите бидејќи се ретки француски дела кои што воедно се и суптилни. Охридско лето беше вистинско место за делото на Стравински“, вели пијанистот Уго Леклер.

Француската вечер насловена Четири раце“ беше во соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центар од Скопје, како и Сосиете Женерал Груп.

„Ние секогаш сме биле и ќе останеме горди на нашите охридски корени. Уживам кога ќе дојдам овде и уживам во културните настани“, вели Јитка Пантучкова - претседател на Управен одбор Охридска банка.

Црквата Св.Софија дополнително влијаеше за звукот на пијаното совршено да блесне со оваа грандиозна композиција.

„Фестивалот Охридско лето ни овозможува на некој начин да имаме една летна културна претстолнина каде вечерва имавме прилика да го видиме тоа во рамките на делото на  Игор Стравински“, вели француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер.

Триесет и вториот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ вечерва е резервиран за целовечерниот концерт на познатиот руски гудачки квартет „Јанкелевич“, заедно со истакнатиот италијански пијанист Марко Чампи.

 

Јованчо Наумоски