Политика

Мицкоски и Таравари на средба во 17 часот во Владата

05.05.2025 13:24

Во 17 часот премиерот Mицкоски ќе бара јасен став од неговиот коалцициски партнер Tаравари за неговите идни планови и комбинаторите со ДУИ. Јавноста чека расплет по тубуленциите во коалицијата ВРЕДИ…

Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Тарвари, околу актуелните политички случувања, ќе се одржи денеска во 17 часот во Владата. Според премиерот, Таравари има две опции пред себе и на средбата, како што рече, би сакал да слушне од него која е прифатлива за него, бидејќи, како што додаде, трета нема. Порача дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“. Додаде дека во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш.

„Тука нема флуидни варијанти. Или имаш или немаш, или држиш до зборо или не држиш до зборот. Јас мислам во неговиот случај најмалку трипати сум покажал и сум го држел зборот, и кога имало моменти кога можеби имало и дилема во рамките на раководството на партијата“, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека заткулисните игри се провидни игри, кои лесно се идентификуваат и препознаваат.

Пред средбата, Таравари од Тетово изјави дека не очекува ништо посебно, бидејќи, тие се во постојана комуникација. Рече дека на оваа средба ќе се разјаснат некои прашања кои на Мицкоски му се нејасни.

„Ние тоа што сме го поминале на Централно претседателство е дека АА ќе има сопствени советнички листи и најверојатно сопствени кандидати за градоначалници во општините каде излегуваме. Ќе го слушнеме премиерот и ќе процениме како продолжуваме натаму“, изјави Таравари.

Известува Марина Стојанова- Тонева