Извештајот за Кардиохирургија сè уште не е готов
Државниот санитарен и здравствен инспекторат побара министерот за здравство да формира стручна комисија за надзор за да се испита стручното работење на здравствените работници. Здравствената евиденција за пациентот на Кардиохирургија ја воделе уредно, ама за нивното стручно постапување треба да одлучи комисијата што ја формираше министерот...

Сè уште не е готов извештајот на стручната комисија за Кардиохирургија, кога ќе има ќе го презентираме во јавноста- рече министерот за здравство Арбен Таравари.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат побара министерот за здравство да формира стручна комисија за надзор за да се испита стручното работење на здравствените работници. Здравствената евиденција за пациентот на Кардиохирургија ја воделе уредно, ама за нивното стручно постапување треба да одлучи комисијата што ја формираше министерот.
Од инспекцијата е евидентно дека на Кардиохирургија, каде 57-годишниот Тони Ангелковски, почина бил примен на интензивна нега, успеале да му го спуштат високиот крвен притисок и да му ја стабилизираат состојбата, но подоцна тој починал.
Семејството одбило обдукција. Што се случувало ќе се знае од извештајот.
