Јазикот е жив додека се зборува
Македонскиот стандарден јазик не е само важен елемент на историјата на самостојна, суверена и независна Македонија, туку и темел и потпора на македонскиот идентитет, основното обележје на сите Македонци. Одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Апел-додека нè има, ќе го има и македонскиот јазик, но апел да почне и да се применува новиот Закон за употреба на јазикот…

Имаме семакедонска, национална и човечка должност како Македонци да го чуваме, проучуваме и промовираме македонскиот јазик, бидејќи без нас ниту ќе биде жив, ниту ние ќе бидеме Македонци, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечената академија во МАНУ по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Јазикот е жив додека се зборува.
Според македонистите и научната фела, најголем предизвик е континуираното проучување на македонскиот литературен јазик и заштита од англицизми.
Во време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик е чин на современ патриотизам. Не е декларативна, институционална, одговорна и долгорочна. Да му пристапуваме на македонскиот јазик со љубов, грижа и знаење, порача министерот за култура и туризам, Љутков.
Потребна е национална стратегија за развој и заштита на македонскиот јазик. Македонистиката да добие третман на дејност од врвен национален интерес со интернационално значење.
Александра Велинова
