Владата е стабилна со и без Таравари, дециден Мицкоски
Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Тарвари, околу актуелните политички случувања, ќе се одржи денеска во 17 часот во Владата. Според премиерот, Таравари има две опции пред себе и на средбата, како што рече, би сакал да слушне од него која е прифатлива за него, бидејќи, како што додаде, трета нема. Порача дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“. Додаде дека во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш...

Владата е стабилна со и без Таравари – дециден е премиерот Мицкоски.
За премиерот постојат само две опции. Едната е таа на реформите и на владеење на правото, опција која ја претставува Владата, и онаа на ДУИ, која изминативе 20 години ја криминализираше државата-истакна претседателот на Владата Мицкоски.
Тој посочи дека сака да слушне лично од Таравари, како ќе одлучи да делува понатаму бидејќи како што вели во политиката образот е тоа што – или го имаш или го немаш, а задкулисните игри најчесто не завршуваат во интерес на тој кој ги приредува.
Таравари очекува дека ќе ги разјасни прашањата за кои премиерот Мицкоски има нејаснотии во врска со функционирањето на Алијанса за Албанците како дел од Владата.
За поранешните коалициони партнери од ВРЕДИ, Таравари со став дека се подредени и сакаат да бидат во Владата по секоја цена.
Марина Стојанова-Тонева
