Штип

Мицкоски ќе се сретне со семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани

05.05.2025 16:40

Болката по несреќата во Кочани ќе трае со години, но важно е да ги решаваме проблемите, вели премиерот Мицкоски. Тој најави средба со семејствата на настраданите во пожарот и вети помош и поддршка во долготрајниот процес на закрепнување на повредените …

„Македонија сè уште болува по трагедијата во Кочани и ова нема да биде болка која ќе престане, мора да се соочиме со проблемите и да ги решаваме“ изјави премиерот Мицкоски во Штип.

Истакна дека наскоро ќе се сретне со семејствата на загинатите и повредените но и дека на дневна основа членови на владиниот кабинет решаваат проблеми поврзани со настанот во Кочани.

И премиерот и претседателката Сиљановска Давкова велат треба да се остави Обвинителството да работи и да се справи со трагедијата. Во врска со смената на Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, Давкова изјави дека во моментов е најважно секој да си ја врши својата функција и надлежност, а со барањето за оставка само ќе се комплицираат работите.

За изјавите на лидерот на ДУИ кој пред два дена порача дека ако неговиот сопартиец и екс-министер Крешник Бектеши биде обвинет за пожарот во Кочани, ДУИ ќе излезеле на улица и како што рече, „враќање нема, Давкова со став дека ваквиот говор значи притисок врз судската власт.

До сега со истрагата се опфатени 59 осомничени лица, од нив 19 се во ефективен притвор, 13 во куќен, 12 со мерки на претпазливост и еден е на лекување.

 

Славица Величковска