Здравство

Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица со дијабет тип 1

05.05.2025 15:55

Само 300 пациенти со дијабетес тип 1 имаат пристап до инсулински пумпи, здружението бара од надлежните во претстојната јавна набавка овие современи помагала да ги обезбедат барем за 1.000. Инсулинските пумпи го контролираат шеќерот, испорачуваат инсулин и нивната функција е приближна до функцијата на панкреасот. Министерот за здравство Тараври, вели, во две годишната јавна набавка зголемен е бројот на инсулински пумпи без да прецизира колку се набавени...

Само 300 пациенти со дијабетес тип 1 имаат пристап до инсулински пумпи, здружението бара од надлежните во претстојната јавна набавка овие современи помагала да ги обезбедат барем за 1.000. Во земјава дијабетес тип 1 имаа околу четири илјади граѓани. Инсулинските пумпи го контролираат шеќерот, испорачуваат инсулин и нивната функција е приближна до функцијата на панкреасот. Овие системи доведуваат до намалување на број на хоспитализации на пациентите и до заштеди на здравствениот систем, а го подобруваат секојдневниот живот на дијабетичарите.

„Тој хибриден систем ја намалува 50 посто можноста за хоспитализации, 80 посто од ретинопатии, 40 посто бубрежни суфициенции итн. Заштедуваме многу средства во однос на тоа дека лицата со тип 1 нема да имаат проблеми во секојдневниот живот, бидејќи самиот систем работи се што треба да прават пациентите е да го следат повремено и навремено да стават инсулин во инсулинската пумпа“, вели Диме Велев – претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Бидејќи во Македонија има најмал пристап до овие пумпи, пациентите се оставени без можноста да ги користат благодатите на новите технологии. Министерот за здравство Тараври, вели, во две годишната јавна набавка зголемен е бројот на инсулински пумпи без да прецизира колку се набавени. И дали количините ќе бидат доволни.

„Тоа е кажано и на прес-конференција, веќе е зголемена за годинава. Набавката ќе биде за две години, а не за една за да немаме повремени недостатоци, друго е кога има за две години отколку за една“, изјави Таравари.

Пред една недела. Заврши двегодишната јавна набавката на инсулин. Потпишани се договори со шест компании. Изминатите месеци кога се трошеа последните залихи од претходната набавка дел од дијабетичарите останаа без неопходната терапија.

Во земјава има околу 120 илјади пациенти со дијабетес. Од нив приближно 45 илјади се поставени на инсулинска терапија.

Андријана Ѓурческа