Девет претстави во конкуренција на МТФ „Војдан Чернодрински“
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ по 59-ти пат ќе се одржува од 6-ти до 13-ти јуни во Прилеп. Девет претстави на македонските театри ќе се тркаат за најдобрата. Најавено е дека салата во Прилепскиот центар за култура ќе биде во функција по одлуката на инспекторатот да побара отстранување на безбедносните пропусти. Наградата за музика ќе го носи името на Филип Стојановски кој загина во пожарот во Кочани …

Девет претстави во официјалната конкуренција и уште пет во придружната програма ќе понуди најновото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 6-ти до 13-ти јуни.
Под мотото „Смеј се и осмели се“, Фестивалот ќе понуди и промоции, проекции, разговори на тркалезната маса.
Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Соња Михајлова, Снежана Коневска – Руси и Гоце Тодоровски. Од годинава наградата за музика ќе го носи името на Филип Стојановски кој го загуби животот во пожарот во Кочани.
Елизабета Митреска
