Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

06.05.2025 08:05

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град...

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.