Дијаспората бара датум за преговори

17.12.2013 11:45

Обединетата македонска дијаспора го повикува Европскиот совет да одреди датум за преговори на самитот што ќе се одржи в четврток, 19-ти декември.  Македонија е кандидат за членство од 2005 година и ги исполнува сите услови за да почне со преговори. Земајќи ги предвид тешкотиите со коишто се соочи Македонија во последните две децении, државата сепак успеа да ја зајакне економијата, демократијата и правниот систем, велат во дијаспората.

ОМД го повикува Европскиот совет да одреди датум за преговори почнувајќи најрано во јануари 2014-та година. Грција ќе го преземе претседавањето со Европската Унија наредниот месец,  по десет години откако ја предводи Солунската агенда чијашто цел беше да го интегрира Западен Балкан во ЕУ до 2014 година.  Доколку Грција дозволи да се закаже датум, таа ќе одигра значајна улога за стабилноста во регионот.

ОМД исто така нагласува дека е потребна  поголема соработка со соседните земји за да се подобрат добрососедските односи. Но таква соработка се основа на реципроцитет, заемна почит и разбирање. Поточно, реципроцитет се бара во полето на заштитата и признавањето на националните и јазични малцинства во соседните земји на Македонија.