Фудбал

Супер купот ја отвора евросезоната

12.08.2014 16:13

Реал во центарот на вниманието и по потрошените 120 милиони евра на тројца играчи...

Едно е сигурно-трофејот од супер купот сигурно ќе отпатува за Шпанија. Актуелниот европски шампион Реал Мадрид и најдобрите во Лига Европа Севиљанастадионот “Милениум“ во Кардифќевлезат во битка за првиот трофеј во сезоната, европскиот Суперкуп. Двата клуба по еднаш го освоиле трофејот, Реал Мадрид 2002-та година против Феенорд со 3-1, а Севиља 2006-тата со победата над Барселона со 3-0.
 
Четврти пат во историјата во супер-купот ќе се сретнат клубови од една иста земја. Пред 24 години  Mилан беше подобар од Сампдорија, во 1993-тата Парма беше поуспешна од Милан, додека во 2006-тата Севиља ја надигра Барселона.
 
Реал во центарот на вниманието и по потрошените 120 милиони евра на тројца играчи, од Монако го ангажираа Хамес Родригез за 80 милиони евра, од Баерн Тони Кроос за 30, а од Леванте, голманот Кејлор Навас за 10 милиони.
 
Анчелоти не го криеше стартниот состав па се очекува, германскиот и колумбискиот интернационалец да бидат во почетната постава, не и Навас кој ќе ја чека шансата во конкуренција со Касиљас, а од почетокот се очекува да настапи и Кристијано Роналдо.
 
Севиља во текот на преодниот рок остана без Ракитиќ, Марин, Перотии Ботиа, доведе неколку засилувања како Видал, Карису, Суарез и Криховјак, но како што вели нивниот стратег Емери без оглед што Реал е фаворит тие и досега успевале да го совладаат. 
 
Реал-Севиља во битката за првиот европски трофеј и на првиот програмски сервис на МРТ од 20 и 40.