Мицкоски и Таравари ќе ги продолжат разговорите
Разговорите продолжуваат, до крајот на месецов треба да се знае иднината за функционирањето на партијата на Таравари. Премиерот ги потврдил веќе јавно изнесените позиции.

Едночасовната средба меѓу премиерот Мицкоски и лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари без конкретен епилог. Од Владата информираа дека завршила во конструктивен дух.
Разговорите продолжуваат, до крајот на месецов треба да се знае иднината за функционирањето на партијата на Таравари. Премиерот ги потврдил веќе јавно изнесените позиции.
Таравари пред претседателството на партијата ќе реферира за средбата со Мицкоски.
Мицкоски, вчера на настан во Штип изјави дека Таравари треба да одбере една од двете опции „патот на реформи и владеење на правото, борба за праведно општество и институции кои функционираат“ или ќе им се придружи на „оние политички сили кои со години ја криминализираат и уништуваат државата“.
Тој оцени дека со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство и оти останува на него и неговите сопартијци да одлучат за една од двете опции.
