На фронтот напади, Трамп оптимист за примирјето во Украина
Шефот на Кремљ го понуди примирјето во пресрет на парадата на 9 Мај во Москва...

Тридневниот прекин на огнот во Украина предложен од рускиот претседател Путин е сериозно достигнување, вели американскиот претседател. Шефот на Кремљ го понуди примирјето во пресрет на парадата на 9 Мај во Москва.
„Претседателот Путин објави тридневен прекин на огнот, што не звучи многу, но многу е ако знаете од каде почнавме, бидејќи ние имавме претседател кој три години не зборуваше со Путин. И сето тоа не требаше да се случи. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
На фронтот битките продолжуваат. Украинските воздухопловни сили наведуваат дека погодиле контролна точка во областа Курск. Жителите на регионот Суми, во неколку населени места на границата со Русија, се повикани на итна евакуација. Русија спречи напад со украински беспилотни летала врз Москва, а аеродромот Домодедово накратко беше затворен.
