ГЕРМАНИЈА
Бундестагот гласа за нов канцелар
06.05.2025 08:40
Доколку Мерц ја добие поддршката од 316 од 620 пратеници, новата влада веднаш ќе положи заклетва и ќе ја преземе администрацијата. Во истовреме се очекува и именување на новите министри...

Бундестагот ќе гласа за доверба на новиот канцелар на Германија, Фридрих Мерц, кој доаѓа од ЦДУ. Доколку Мерц ја добие поддршката од 316 од 620 пратеници, новата влада веднаш ќе положи заклетва и ќе ја преземе администрацијата. Во истовреме се очекува и именување на новите министри.
Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ И СПД ја заврши подготовката на коалицискиот договор изминатиот месец, а раководните тела и членовите на партијата официјално го одобрија договорот изминатата недела.
