ИЗРАЕЛ

Израел потврди дека ќе има нова офанзива во Газа

06.05.2025 09:00

Операцијата ќе опфати широка офанзива, а стотици илјади Палестинци треба де преселат на југот. Тајмингот и натаму не е точно утврден...

Израелската војска потврди дека поголемиот дел од населението во Газа ќе биде раселено за време на новата операција во енклавата. Операцијата ќе опфати широка офанзива, а стотици илјади Палестинци треба де преселат на југот. Тајмингот и натаму не е точно утврден.

„Целта на операцијата е враќање на нашите заложници, соборување и потчинување на режимот на Хамас. Тоа се две цели кои се испреплетени. Операцијата ќе вклучи широка офанзива која вклучува преместување на мнозинството од населението. Продолжените воздушни напади, елиминацијата на терористите во други области ќе се повтори со цел ликвидација на терористите и на уништувачот. Ќе го повториме моделот спроведен во Рафах и во други области“, изјави Бригаден Генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската армија.

Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади врз јеменското пристаниште Худајда, еден ден откако Хутите истрелаа ракета што погоди област во близина на главниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив.