Собранието ќе ги одржи 47-та и продолжението на 34-та седница
Пред пратениците на денешната пленарна сесија е Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен по скратена процедура од пратениците на Левица, кој предвидува удвојување на роковите за застарување на кривичните дела и воведување на незастаривост за кривичните дела против службената должност.

Домот на Собранието на Република Северна Македонија денес ќе ја одржи 47-та седница, а потоа и продолжение на 34-та седница. На агендата на 47-та седница се вкупно 12 точки.
Пред пратениците на денешната пленарна сесија е Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен по скратена процедура од пратениците на Левица, кој предвидува удвојување на роковите за застарување на кривичните дела и воведување на незастаривост за кривичните дела против службената должност.
Исто така, од Левица по скратена постапка поднесен е и Предлог на закон за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
На листата за дискусија се и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување на Законот за културата, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за дополнување на Законот за заштита на личните податоци, сите по итна постапка.
На 34-та седница, пак, треба да се гласа за повеќе точки кои претходно беа разгледани од страна на парламентарците.
На дневен ред за расправа се и Предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка.
Во Собрание денеска ќе се одржи и конститутивна седница на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција.
