ВАТИКАН

Утре почнува конклавата за избор на новиот папа

06.05.2025 09:24

Конклавата почнува утре, кога кардиналите ќе се соберат во Систинската капела за да почнат со гласање. Процесот ќе трае сè додека не се избере нов папа, кој ќе добие двотретинско мнозинство од гласовите...

Сите 133 кардинали под 80 години се во Рим за да учествуваат во изборот на нов папа, објави Ватикан. Конклавата почнува утре, кога кардиналите ќе се соберат во Систинската капела за да почнат со гласање. Процесот ќе трае сè додека не се избере нов папа, кој ќе добие двотретинско мнозинство од гласовите.

Кардиналите ќе престојуваат во резиденцијата Санта Марта, каде што последниот папа, Франциск, го помина своето папство. Повеќе од 4.000 полицајци ќе бидат распоредени за време на инаугурацијата на новиот папа, реши Римскиот комитет за јавен ред и безбедност.