Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
Харди ќе ја почне својата четврта сезона на клупата на Јута наесен.
НБА лигашот Јута Џез објави дека главниот тренер Вил Харди потпишал продолжување на договорот што би можело да го задржи на клупата до сезоната 2030/31.
Харди ќе ја почне својата четврта сезона на клупата на Јута наесен.
„Лидерството на Вил беше непроценливо за нашата програма. Тој постави јасна визија за нашите играчи, изгради солидни основни вредности, натпреварувачки навики и менталитет на постојано подобрување. Тој е еден од најперспективните млади тренери во лигата и ние сме исклучително среќни што го имаме“, рече генералниот менаџер на Џез, Дени Ејнџ.
Во своите први три сезони на клупата на Јута, Харди имаше резултат од 85 победи и 161 порази. Тимот не успеа да се квалификува во плејофот ниту еднаш во тој период.
Во неговата прва сезона Јута извојува 37 победи, следната година 31, додека во штотуку завршениот регуларен дел од сезоната Јута забележа само 17 триумфи – најлошиот настап во историјата на франшизата и најлошиот резултат во НБА оваа година.
Јута ја заврши сезоната со најмладиот тим во лигата, а во последните недели во тимот немаше повозрасен кошаркар од 27 години.
