Вечерва ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампионите

06.05.2025 09:27

Двата тима ќе настапат ослабени. Симоне Инзаги нема да може да смета на францускиот дефанзивец Бенжамин Павар, додека Ханси Флик ќе биде без услугите на бековите Жил Кунде и Алехандро Балде.

Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По спектакуларниот прв дуел во Барселона, во кој Интер водеше 2:0 и 3:2, екипите влегуваат во реванш изедначени откако првиот натпревар заврши 3:3.

Двата тима ќе настапат ослабени. Симоне Инзаги нема да може да смета на францускиот дефанзивец Бенжамин Павар, додека Ханси Флик ќе биде без услугите на бековите Жил Кунде и Алехандро Балде.

Барселона веќе ги освои Купот и Суперкупот на Шпанија, а во Примера се наоѓа на врвот со четири бодови предност пред Реал Мадрид.

Интер до пред десетина дена, пак, беше во игра за три трофеи, но неочекувано беше елиминиран од Милан во полуфиналето на Купот со 3-0, а потоа загуби и во Серија А од Рома со 1-0.