Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
06.05.2025 09:30
Првиот натпревар во Атина е на програмата на 18 мај од 18 часот, додека реваншот во Скопје една недела подоцна со почеток во 20:30 часот.
Ракометарите на Алкалоид во салата „Брис Трајковски“ во Скопје ќе му бидат домаќини на атински АЕК во реванш финалето во ЕХФ Европскиот Куп.
Првиот натпревар во Атина ќе се игра во „Сунел арена“ со капацитет од 9.000 седишта.
Првиот натпревар во Атина е на програмата на 18 мај од 18 часот, додека реваншот во Скопје една недела подоцна со почеток во 20:30 часот.
Пред ракометарите на Алкалоид се два историски натпревари во обид да го освојат првиот европски трофеј во клупската историја.