МВР

Лишен од слобода грчки државјанин на Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана

06.05.2025 19:49

Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција...

Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција, информираат од МВР.

При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки. Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.