Кисела Вода го одбележува својот патронат- Ѓурѓовден
Одбележувањето на денешниот Ѓурѓовден, продолжува во паркот „Македонија“, каде што дечињата од градинките „Весели цветови“ и „8 Март“ учествуваат во креативна цветна работилница. Веднаш потоа, најмладите ќе уживаат во бесплатната театарска претстава „Плашливиот лав“, во изведба на театарот „Отпишани“.

Со света литургија во црквата „Св. Ѓорѓија“ во населбата Кисела Вода, на која присуствуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, денес започна одбележувањето на патрониот празник на Општина Кисела Вода. Голем број граѓани, верници се собраа во храмот посветен на заштитникот на општината, заеднички, со молитва да го започнат празничниот ден.
Одбележувањето на денешниот Ѓурѓовден, продолжува во паркот „Македонија“, каде што дечињата од градинките „Весели цветови“ и „8 Март“ учествуваат во креативна цветна работилница. Веднаш потоа, најмладите ќе уживаат во бесплатната театарска претстава „Плашливиот лав“, во изведба на театарот „Отпишани“.
Во вечерниот дел од програмата, од 19:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе биде отворена изложбата на уметникот Драган Кузмановски под наслов „Ѓурѓовденско будење“. За љубителите на филмот, вечерта е резервирана за бесплатна кино проекција на анимираниот филм „Кучиња во операта“, наменета за младите жители на општината.
