Политика
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
06.05.2025 11:17
Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка, претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, како и со други македонски официјални претставници...

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ утре ќе престојува во официјална посета на земјава.
Предвидено е Милановиќ да има средба со својата домаќинка, претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, како и со други македонски официјални претставници.
Поради посетата на хрватскиот претседател Милановиќ, во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај во поширокото централно подрачје.
