МВР

Лишен од слобода грчки државјанин, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

06.05.2025 11:36

На 06.05.2025 во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција...

На 06.05.2025 во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција, информираат од МВР.

Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари. При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација.

Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока.

Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во Полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 378 – „фалсификување исправа“ и по член 278 – „криумчарење“ од Кривичниот законик, стои во соопштението.