РОМАНИЈА

Каталин Предоју назначен за вршител на должноста премиер до формирањето на нова влада

06.05.2025 11:48

Националниот политички совет на романските социјалисти вчера реши да ја напушти владејачката коалиција и Марсел Чолаку да поднесе оставка...

Романскиот претседател Илија Боложан го назначи Каталин Предоју за вршител на должноста премиер до формирањето на нова влада. Националниот политички совет на романските социјалисти вчера реши да ја напушти владејачката коалиција и Марсел Чолаку да поднесе оставка. Политичките турбуленции во Романија се во екот на претседателски избори.

Вториот круг се закажан за 18 мај, а силите ќе си ги одмерат крајниот десничар Ѓорѓе Симион и градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан.