Германија

Мерц не е избран за канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот

06.05.2025 11:54

69-годишниот Мерц, кој ги предводеше конзервативците од ЦДУ/ЦСУ до победа на федералните избори во февруари и обезбеди коалициски договор со централнолевичарските социјалдемократи, освои само 310 од потребните 316 гласови во Долниот дом на парламентот.

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди парламентарното мнозинство потребно за да стане канцелар во првиот круг од гласањето.

69-годишниот Мерц, кој ги предводеше конзервативците од ЦДУ/ЦСУ до победа на федералните избори во февруари и обезбеди коалициски договор со централнолевичарските социјалдемократи, освои само 310 од потребните 316 гласови во Долниот дом на парламентот.

Бундестагот, сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство.