Онлајн систем за следење готовински промет за намалувње на сивата економија
Со воведувањето на фискалните апарати со ГПРС, даночниците во секој момент ќе ги следат финансиските извештаи од секој регистриран фискален апарат. Некои трговци веќе го испробале овој нов уред...

Новиот интегриран систем на Управата за јавни приходи ќе значи онлајн следење на готовинскиот промет. Со воведувањето на фискалните апарати со ГПРС, даночниците во секој момент ќе ги следат финансиските извештаи од секој регистриран фискален апарат. Некои трговци веќе го испробале овој нов уред кој треба да го имаат до нова година сите даночни обврзници.
„Има од Нова година, мислам дека УЈП има увид во работењето“, изјави една сопственичка на трговски дуќан.
Оваа госпоѓа беше единствената која јавно прифати да ја коментира новината. Други дуќанџии зад камерата рекоа дека ова е трошок за нив. Директорот на УЈП тврди дека придобивките се поголеми од трошоците.
„Подобрување во делот на борбата со сивата економија, поради тоа што сите надворешни контроли кои сега сме ги правеле, еден ваков интегриран систем на следење на готовинските плаќања во РМ, ќе овозможи креирање на многу подобри алатки и методи во борбата со сивата економија, бидејќи од едно место во едне момент буквално гледате што се случува во цела Република Македонија“, објасни директорот на УЈП, Горан Трајковски.
При регистрација на фискалниот апарат не се потребни никакви писмени документи кои даночниот обврзник ќе ги доставува до УЈП.Целокупната постапка за регистација и одобрување на фискалниот апарат ќе се врши електронски, со размена податоци помеѓу сервисниот центар на производителот од каде обврзникот ќе го набави апаратот и системот на УЈП.
Анита Никушева- Јовачев