Законски измени за контрола на лиценците во Собрание
Владата до Собранието достави Предлог-измени на законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка...

Владата до Собранието достави предлог-измени на законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка. Целта е вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија, односно овластувања.
Извршната власт кон крајот на март подготви измени на 7 закони, по пожарот во кочанската дискотека. Истрагата покажа дека клубот „Пулс“ бил изграден за една категорија и не се направило негова пренамена за вршење на друга дејност.
Во пожарот во „Пулс“ во кој настрадаа 62 лица, извадила лиценца во 2021 година, а потоа во 2023-та, а сепак работела постојано. Со измените се предвидува двапати годишно да се врши проверка на сите иматели на лиценци, што не ја исклучува можноста да се вршат и почести контроли од предвидените, со цел обезбедување квалитетни услуги и сигурноста на граѓаните.
Дополнително, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето, односно суспензијата ќе оди веднаш.
Игор Панов известува од Собрание.
