Објектите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе се доградат
Зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група која, по иницијатива на МОН, ќе ја координира Градежниот факултет на УКИМ...

По 10 години од камен-темелникот ќе се откочи изградбата на факултетите ФИНКИ и за физичко образование. Експерти од УКИМ предводени од деканот на Градежниот факултет, Марковски, треба комплетно да го ревидираат проектот, анализата треба да покаже во каква состојба се објектите и кога ќе продолжи изградбата. Министерската Јаневска најави дека в година би се избрал изведувач.
СОЗР, МОН и УКИМ преку меморандум се обврзаа заеднички да работат, наместо да изнајмат приватна фирма. Државните институции треба да ја предадат целата документација за двата објекта чијашто изградба чини над 800 милиони денари. Ректорката на УКИМ вели дека со години студентите студираат во лоши услови.
Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование почнаа да се градат во 2015-та, градежните активности се целосно стопирани од 2019-та година и останати се само карабини. Со новиот проект планирана и промена на фасадите кои на почетокот беа барокни.
Викторија Милевска
