Оризопроизводителите од кочанско на протест
Оризопроизводителите од кочанско излегоа на протест, незадоволни од одлуката за кратење на површините за наводнување и доцнењето на откупот за стоковите резерви. Министерот Трипуновски вели земјоделците да бидат спокојни, сеидбата ќе се реализира според планот …

Наместо на сеидба, оризопроизводителите во Облешево го блокираа магистралниот пат Кочани – Штип, незадоволни заради тоа што сè уште нема откуп за стоковите резерви. Бараат корекција на начинот на исплата на шесте денари за килограм откупена арпа и корекција на планот за наводнување кој предвидува намалување на површините под ориз.
Сеидбата доцни и во најголем ризик се крупните сорти кои до сега требаше да се посеани.
Министерот за земјоделство се сретна со земјоделците во Облешево. Најави пуштање на водата, а од сеидбениот план ќе се изземат само повисоките и песокливи површини.
Оптимизам кај земјоделците е и најавата за интензивни врнежи периодов со што значително ќе се подобри хидролошката состојба.
Славица Величковска
