Бесими: Проширувањето на ЕУ е концептуално прашање, Македонија остнаува на зацртаните цели
Македонија останува посветена на остварувањето на зацртаните цели, без разлика на одлуката дали Секретаријатот за проширување во брисел ќе биде ставен во мирување, коментира вицепремиерот Бесими...

Проширувањето на Европската унија е концептуално прашање уште од нејзиното основањето и Македонија останува посветена на остварувањето на зацртаните цели, без разлика на одлуката дали Секретаријатот за проширување во брисел ќе биде ставен во мирување, коментира вицепремиерот Бесими.
„Тоа што за нас останува е да работиме на агендата за евроинтеграција, а проширувањето е еден од приоритетите на претседавањето на Италија со Советот на Еворпа...“, нагласи вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими.
Бесими денеска присуствуваше на дебатата за меѓународниот ден на младите. Рече дека земјава обрнува внимание на своите поколенија особено во делот на едукацијата преку низа прогами финансирани од европските фондови. Претставникот на УНДП во Македонија, Лујза Витон, пак посочи дека кај младите постои проблем со невработеноста.
„На светско ниво имаме околу 73 милиони невработени млади луѓе, а во оваа земја процентот на невработеност кај младите е над 50%. Има големи можности за отварање работни места во проктите за поддршка на вработувањето, но и во процесот на евроинтеграции“, изјави Витон.
Во светски рамки, Обединетите нации денот го одбележа под мотото - Менталното здравје е важно. Според организацијата, на младата популација треба да и се обрнува поголемо внимание, бидејќи тие ја обликуваат општествената и економска реалност.
Миле А. Ристески
