Богата програма и нови изданија на Саемот на книга
Неделава носи убави вести за љубителите на пишаниот збор. За два дена почнува 37-то издание на Саемот на книгата. Ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“...

Автори има, книги уште повеќе, не е лоша ниту продажбата, но хартијата тешко ја води битката со новите трендови и напредокот на технологијата. Годинава, по 37-ми пат, љубителите на пишаниот збор ќе можат да се насладат со „Храна за душа“. Тоа е мотото на годинашниот Саем за книга кој ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Многубројните штандови на најразличен начин ќе се обидат да ги убедат и младите и возрасните да се почестат со убав збор. Издавачките книги ќе мора да бидат по иновативни, авторите уште поинтересни, за да можат и младите кои немаат навика за книга в рака да ги убедат да се променат.
Понудата на хартија, ќе се обиде да инспирира, да размени идеи и да биде елискир за умот и срцето.
Ако минатата година имали 75 промоции, оваа година се најавени 110 промоции. Најавено е да има 65 издавачи, повеќето се од земјава, но има и од регионот.
Ана Јосифоска
