енергетика

Во Министерството за енергетика потпишување на договорот за изградба на интерконекторот со Грција

07.05.2025 08:05

Во Министерството за енергетика, Грција и Македонија денеска го потпишуваат договорот за изградба на интерконекторот којшто ќе ја снабдува земјава со природен гас од грчкиот гасен терминал во Александропули. Проектот, во должина од 67 километри, на македонска страна е финансиран од Владата, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, а чини 59,9 милиони евра или 12 милиони помалку од првичната цена...

Во Министерството за енергетика, Грција и Македонија денеска го потпишуваат договорот за изградба на интерконекторот којшто ќе ја снабдува земјава со природен гас од грчкиот гасен терминал во Александропули. Проектот, во должина од 67 километри, на македонска страна е финансиран од Владата, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, а чини 59,9 милиони евра или 12 милиони помалку од првичната цена.

Гасоводот ќе го гради компанија од Куманово на потегот Гевгелија – Неготино и треба да биде завршен за 22 месеца. Од Министерството за енергетика најавија поврзување и со Србија, изградбата на македонскиот дел ќе биде во должина од 26 километри.