официјална посета
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во официјална посета на земјава
07.05.2025 08:08
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, хрватскиот претседател Милановиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
