Собрание

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии

07.05.2025 08:35

Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за култура и туризам и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, денеска во Собрание...

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за култура и туризам и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребни услуги, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, Предлог на законот за дополнување на Законот за урбанистичко планирање, сите по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина во прво читање.

На Комисијата за култура и туризам е Предлог на законот за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за дополнување на Законот за заштита на личните податоци и Предлог на законот за изменување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, сите по скратена постапка.