Одбележување
Ден на македонската полиција
07.05.2025 09:11
На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев...

7 Мај, Денот на македонската полиција, ќе се одбележи во центарот за обука на МВР во Идризово. На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Во рамките на прославата се предвидени изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.
