Индија го нападна Пакистан
Ракети и гранати прелетаа преку границата и завршија во девет области, има жртви и повредени. Нападите меѓу нуклеарно вооружените соседи следуваат две недели откако индискиот премиер моди им даде зелено светло на генералите за акции против терористите кои убија 26 туристи во кашмир на 22 април...

Азија на работ на голема војна. Индија го нападна Пакистан. Ракети и гранати прелетаа преку границата и завршија во девет области, има жртви и повредени. Нападите меѓу нуклеарно вооружените соседи следуваат две недели откако индискиот премиер моди им даде зелено светло на генералите за акции против терористите кои убија 26 туристи во кашмир на 22 април.
„Слушнавме пет до шест огромни експлозии. Паника настана меѓу луѓето, а сега ни беше кажано да ја евакуираме областа. Овој пожар доаѓа од индиската страна“.
„Спиевме кога слушнавме огромен оган и од звучниците на џамијата стигна соопштение дека треба што поскоро да ја евакуираме областа“.
По нападот, војската на Индија соопшти дека со „операцијата синдор“ правдата е задоволена.Во меѓувреме, Пакистан го затвори воздушниот простор и таргетираше најмалку десет индиски објекти, вклучително и една воздушна база.
„Овој кукавички, неоправдан чин на непријателот ќе добие силен одговор од пакистанската армија, одговарајќи со поддршка од пакистанската нација“, изјави Ахмед Шариф Чаудри, портпарол на пакистанската Армија.
Светот со повици за деескалација.
„Претпоставувам дека луѓето имаа навестување дека нешто ќе се случи врз основа на минатото, тие се борат долго време, знаете, тие се борат со децении и векови. Се надевам дека ова ќе заврши многу брзо“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Индискиот напад следува по бројните апели од Вашингтон, Москва, Пекинг и од седиштето на Обединетите нации, страните да се вразумат и да се обидат да избегнат нова нуклеарна војна.
