Ватикан

Денеска почнува конклавата за избор на новиот папа

07.05.2025 09:23

Сите 133 кардинали под 80 години, веќе се во Ватикан. За избор на новиот поглавар, еден од кардиналите мора да добие двотретинско мнозинство...

Под силни безбедносни мерки денеска почнува конклавата за избор на новиот папа во 16:30 минути во Сикстинската капела. Сите 133 кардинали под 80 години, веќе се во Ватикан. За избор на новиот поглавар, еден од кардиналите мора да добие двотретинско мнозинство.

Кардиналите ќе гласаат во тајност сè додека не се избере наследникот на папата Франциск. Од светата столица соопштија дека ќе го прекинат сигналот за мобилните телефонски мрежи за време на процесот.

Деактивирањето на сигналот нема да ги опфати посетителите на плоштадот „Свети Петар“.