Продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва
Во меѓувреме, ослободени стотици заробени украински војници во една од најголемите размени откако Москва ја почна целосната инвазија во февруари 2022 година...

На два дена од закажаните паради за денот на победата, продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва. И двете страни јавија за соборени десетици беспилотни летала во текот на ноќта. Во меѓувреме, ослободени стотици заробени украински војници во една од најголемите размени откако Москва ја почна целосната инвазија во февруари 2022 година.
„Најважната вест е дека уште 205 наши воини се вратија дома од руско заробеништво. Двесте и двајца се приватници и подофицери, тројца се офицери. Бранители на Мариупол и регионите Доњецк, Запорожје, Луганск, нашите региони Харков и Суми. Им благодарам на целиот наш тим кој работи на размената, на сите во координативниот штаб“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Американскиот претседател верува оти Русија веројатно немаше да ја нападне Украина доколку сè уште беше членка на Г7.
