МВР
Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
07.05.2025 10:31
Вчера во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с. Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово...

Вчера во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с. Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово, информираат од МВР.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
