Реформи

Сè уште се во подготовка законите за подобрување на судството

07.05.2025 12:10

Законите за подобрување на судството не се поврзани само со реформската агенда за ЕУ, туку и за поголема функционалност на државата и поголема демократија. Сè уште се во подготовка во Министерството за правда и треба да влезат во собраниска процедура за да бидат усвоени до јуни...

Законите за подобрување на судството не се поврзани само со реформската агенда за ЕУ, туку и за поголема функционалност на државата и поголема демократија. Сè уште се во подготовка во Министерството за правда и треба да влезат во собраниска процедура за да бидат усвоени до јуни, за да не се доцни со реформската агенда и средствата од Планот за раст на Западен Балкан за реформи. Сепак, Закон за висока раководна служба сè уште нема, а со кој треба да се намали влијанието на партиите врз именувањето на функционери во јавната администрација.

Претстои уште работа на реформите во Македонија, но подобрување на владеењето на правото е потребно и во некои земји-членки, велат странски експерти.

„Не е доволно само владеењето на правото, туку и ситуацијата со неговата отпорност. За тоа не се гледа само на правосудството, туку и општеството и неговата поларизацијата и како влијае на судскиот систем. Треба да се најдат начини како да се зајакне отпорноста на владеењето на правото“, смета Фунда Текин-Институт за европска политика во Берлин.

Без реформи за владеењето на правото нема напредок во преговорите со ЕУ.

И покрај реформите, земјата не може да почне отворање поглавја без исполнување на условот од преговарачката рамка, уставни промени. Според експертите постојат заднински обиди во иднина билатералните прашања да не бидат дел од преговарачката рамка за да се направи процесот на преговори пообјективен.

Ирина Гелевска