Средби на премиерот со владините коалициски партнери
Нема детали од средбата со Меџити, Касами и Ибрахими, според последните информации од Владата, во конструктивна атмосфера разговарале за реформските прашања, борбата со криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ.

Продолжуваат разговорите меѓу премиерот и лидерите на коалициските партнери од ВРЕДИ. Нема детали од средбата со Меџити, Касами и Ибрахими, според последните информации од Владата, во конструктивна атмосфера разговарале за реформските прашања, борбата со криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ.
Деновиве се очекува премиерот да се сретне повторно и со Арбен Таравари, министерот за здравство и лидер на дел од крилото од Алијанса на Албанците, се очекува неговиот став дали ќе замине од владата по неговите потези и контакти со ДУИ.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа граѓаните нема да бидат разочарани.
