Тошковски: Криминалот е намален за 5%, изминатава година откриени 14 криминални групи
Времето на фаќање врски е минато, со криминалот и корупцијата не се прават компромиси“ – одбележан Денот на македонската полиција. Министерот Тошковски информираше дека криминалот е намален за 5 проценти...

Полицаецот е чувар на државата, значката симбол на честа. Во услови кога светот се соочува со софистицирани облици на криминал, повеќе од кога било порано е потребен одлучен одговор, порача министерот Тошковски на чествувањето на Денот на македонската полиција.
Криминалот е намален за 5 проценти, рече министерот, а изминатава година се откриени 14 криминални групи од кои повеќето тргувале со дрога. Поднесени се кривични пријави за 49 лица за злоупотреба на социјалните и инвалидски права, а истрагата за трагедијата во Кочани, обезбедила 70 лица.
Премиерот Мицкоски порача – времето на фаќање врски е минато, а со криминалот и корупцијата не се прават компромиси.
Анита Димитријевска - Велковска
