Македонија

Традиционална литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга

07.05.2025 14:29

На литијата најавено е и присуство на неговото блаженство, архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан...

И годинава моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона носени во торжествена литија денеска низ струшките улици ќе го осветат градот на поезијата. Пред почетокот на Литијата, во храмот на Свети Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба.

На литијата најавено е и присуство на неговото блаженство, архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.

Оваа година, наместо Крнинската икона на Мајката Божја, во литијата ќе биде вклучена Богородичната икона „Гликофилуса“, која неодамна пристигна во Бигорскиот манастир. Така, верниците, освен на моштите на светиот Георгиј Победоносец, кои за оваа прилика по традиција се носат од манастирот во Рајчица, ќе имаат можност да се поклонат и на иконата на Мајката Божја „Гликофилуса“, како и на древната чудотворна струшка икона на Светиот Георгиј.