Енергетика

Потпишан договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција

07.05.2025 19:21

Македонија го потпиша договорот за изградба на гасоводот за интерконекција со Грција. Ќе се градат 67 километри од македонска страна, изведувач на проектот е домашната компанија „Рапит Билд“ . Понудила 12 милоиони евра помалку од другите на тендерот...

Потпишан договорот за изградба на гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција, од големо значење за домаќинствата, компаниите и животната средина. Ќе се градат 67 километри од македонска страна, изведувач на проектот е домашната компанија „Рапит Билд“ . Понудила 12 милоиони евра помалку од другите  на тендерот.

Новиот менаџмент на НОМАГАС  за девет месеци ги комплетирал сите процедури. Вкупната должина на гасоводот е 123 километри и ќе се простира од Неа Месимвриа преку Гевгелија до Неготино.

Преку гасоводот земјава ќе се снабдува со природен и течен гас од грчките терминали Ребитуса и Александруполи. Проектот е поддржан од Европската банка за обнова и развој.

Изведувачот проектира, градежните активности на македонска страна да бидат завршени до 2027 година.

Првичниот капацитет ќе изнесува 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за зголемување до три милијарди метри годишно. Спроведени се анализи, гасоводот да ги има потребните карактеристики  за пренос на зелен водород.

Александра Велинова