Неопходни се реформи за поголем економски раст
Неопходен е подобар квалитет на образованието во земјава, поголема конкурентност и енергетска ефикасност за повисока стапка на раст, велат од Светска банка. Најзначајни и клучни се политиките во макроекономската стабилност, посочуваат надлежните. Според гувернерката Ангеловска- Бежоска, физичкиот капитал има огромен јаз. Добро е што се спроведуваат капиталните инвестиции…

Подигнување на приходите по глава на жител на 10 илјади долари ќе зависи од темпото на економски раст. Неопходно е подобро образование, конкурентно окружување и поголема енергетска ефикасност, сугерира Светска банка. Со стапки на раст како изминативе 5-6 години, европскиот просек ќе се стигне за 60 до 70 години.
Најзначајни се политиките во макроекономската стабилност, велат надлежните. Владата не отстапува од напорите за фискална консолидација и спроведувањето на инвестицискиот план.
Според гувернерката Ангелоска-Бежоска, физичкиот капитал има огромен јаз, но добро е што се спроведуваат капиталните инвестиции.
Банкарите од Вашингтон и Брисел на иста линија – неопходни се реформи во земјава за поголем економски раст.
Според извештајот на Светска банка за Европа и Централна Азија со спроведување на неопходните реформи и искористување на природните ресурси, регионот може да постигне развој и раст на вработувањата, обезбедувајќи просперитетна иднина за сите свои граѓани.
Сунчица Николоска
